Џихадистите не се “мутави” и знаат каде да удрат- на нуклеарките…

од desk3
96 прегледи

Бетонски ѕидови со дебелина 1 m и аналогни контролни сали во стил на 50-тите години на 20-тиот век ги чуваат нуклеарните централи од бомбашки напади и компјутерски хакери, но џихадистичките борци го насочуваат своето внимание кон слабите места на нуклеарната индустрија, велат експерти за безбедност.

c516db7a5cb2915e32ce286fccb71876

Загриженоста од нуклеарен тероризам се засили откако белгиските медиуми објавија дека атентаторите самоубијци, кои убија 32 лица во Брисел на 22 март, првично сакале да нападнат нуклеарен објект, но полициските акции, при што беа уапсени осомничени нивни соработници, ги принудиле да ги менуваат целите.

Експертите за безбедност се на мислење дека експлозија на нуклеарен реактор не способност на вооружените групи, но дека нуклеарната индустрија има некои ранливи места кои можат да бидат употребени.

“Заканата од внатрешен човек е тешка за отстранување, бидејќи тоа зависи од капацитетот за проверка на вработените и предвидување на нивните намери”, изјави Пејџ Стаутланд од организацијата Иницијатива “Нуклеарна закана”.

Неговата проценка е израз на зголемената загриженост кај западните влади и регулаторни органи, вклучувајќи и кај Меѓународната агенција за атомска енергија, од опасноста радикализирани лица да добијат пристап до чувствителна енергетска инфраструктура, вклучувајќи до нуклеарни објекти.

Во 2014 година истрага на саботажа против 4-ти енергетски блок на белгиската нуклеарна централа “Дул” утврди дека поранешен вработен на електроцентралата загинал порано во текот на годината при учество во борбени дејства на страната на исламистички борци во Сирија.

Грција преокупирана со други проблеми, прашањето за името не е на политичката аге

При претрес на стан во декември во рамките на истрагата за нападите на “Исламска држава” во Париз од 13 ноември белгиската полиција најде снимка која покажува како бил следен висок функционер од нуклеарната енергија. Потоа околу белгиските нуклеарни објекти беше засилена стражата.

Експерти од индустријата сметаат дека намерното предизвикување на катастрофична нуклеарна фисија во нуклеарен реактор е тешка задача, бидејќи никој никогаш не останува сам во контролната соба, каде во секое време обично има меѓу четворица и шестмина оператори.

Оваа околност според Бертран Баре, поранешен извршен директор на францускиот државен производител на нуклеарни реактори “Арева”, го намалува ризикот од исполнувањето на самоубиствената мисија при трагедијата со авионот на авиокомпанијата “Џеррманвингс” минатата година, кога пилот се заклучи во кабината на авионот и го урна во планината.

Сепак саботажните активности не можат да се исклучат целосно. Во 2014 година 4-ти енергетски блок на нуклеарната централа “Дул” беше запрен за четири месеци, откако некој намерно ја оштетува турбината за притисок ма 65 илјади литри машинско масло. Сторителот не беше утврден.

Ризикот од сајбер напади исто така се зголемува. Повеќето атомски електроцентрали се изградени пред ерата на интернет, па дури и пред ерата на компјутерите, и поради тоа во нивните контролни сали скористат аналогна технологија од 20-тиот век.

Иницијативата “Нуклеарна закана” сепак е на мислење дека нуклеарните објекти во моментов се дигитализираат брзо, што го зголемува ризикот од паѓање под контрола на хакери.

Најголемата опасност е линијата на нуклеарен горивен циклус кој вклучува збогатувањето на ураниумот, производството на гориво и рециклирање, како и транспортот и складирањето на радиоактивниот материјал.

Специјалистите сметаат дека базените во кои употребеното нуклеарно гориво се остава да се лади, се повеќе ранливи дури од самите реактори.

“Сценарио, при што доаѓа до истекување на вода како резултат на оштетување на базените, може да доведе до истекување на радијација во исто или поголемо количество отколку кај фисија”, рече Ив Маринјак, директор на консултантската компанија за енергетски прашања “Светска информативна служба за енергетските прашања-Париз” (WISE-Paris).

Објекти како Ла Хаг во Франција и Селафијлд во Велика Британија – каде употребеното гориво од десетици реактори се чува во базени, пред да биде подложено на повторна обработка или ставено на суво чување во садови, предизвикуваат особена загриженост.

По нападите од 11 септември 2001 година против САД, француските власти поставија проектили земја-воздух во реонот на Ла Хаг, иако неколку месеци подоцна тие беа повлечени откако беше дефинитивно дека нивото на закана е намалено.

Секоја недела Плутониомот – едната од двете клучни состојки за атомските бомби во ред со високозбогатениот ураниум, се извезува по копно од Ла Хаг кон Марку во Јужна Франција, каде се рециклира и се претвора во мешано оксидно гориво.

“Не може да имаме на слобода луѓе, идентификувани како терористи на високо ниво, и да прифаќаме вонредни закони, а во исто време редовно да возиме плутониум на јавните патишта”, рече за Ројтерс водечкиот автор на Извештајот за состојбата на светската нуклеарна индустрија Мајкл Шнајдер .

Во Франција од нападите на “Исламска држава” во Париз е во сила вонредна состојба, како резултат на што полицијата доби поголеми овластувања да пребарува и да апси.

“Арева” заштитата за превоз на плутониум, тврди дека се врши првично консултација со властите со вооружени конвои, а самиот материјал е во контејнери кои се “вистински тврдини”, каде што секој килограм плутониум е безбеден од 100 килограми челик.

Експертите се загрижени и од можноста борци да украдат радиоактивни материјали од медицински или индустриски објекти.

Радиоактивните изотопи имаат десетици апликации кои се движат од лекувањето на ракот до заварување на цевки. Во цела Европа годишно се транспортираат илјадници пакети со мали количини радиоктивни материи.

Евентуално украден од такви пратки материјал би можел да биде помешан со конвенционални експлозиви за правење на “валкана бомба”.

Иако е малку веројатно дека експлозијата од сличен уред ќе биде смртоносна, тоа ќе создаде огромна паника и ќе загади обемен регион, чие деконтаминација ќе излезе многу скапо.

Во 1995 година, чеченските бунтовници поставија цилиндар со радиоактивен цезиум во московски парк, но не го разнесоа , руските власти го деактивираа уредот.

Од средината на 90-тите години земјите членки на МААЕ пријавиле околу 2.800 случаи на исчезнати радиоактивни материи.

Генералниот директор на агенцијата Јукија Амано изјави дека минатиот месец само кај многу малку од овие инциденти станува збор за материјали кои можат да се користат за изработка на нуклеарна експлозивна направа, но дека дел од исчезнатите материи можат да се користат за изработка на валкана бомба .

“Фактот дека досега никогаш немало голем терористички напад со радиоактивни материјали, не значи дека тоа не може да се случи”, изјави Амано.