Следниот пат кога ќе сте во Париз, заборавете за пријатните апартмани со фасцинантни тавани и одете да спиете кај ајкулите.
Од следниот месец сајтот за сместување Airbnb ќе нуди изнајмување на подводна спална соба, која се наоѓа во аквариумот во Париз, а особено во делот кај ајкулите. Креветот ќе биде ограден од стаклени ѕидови со 360-степенски поглед. Гостите ќе бидат потопени во 3 милиони литри вода со 35 подводни жители.
Во прилог на неверојатната атмосфера нуркачот рекордер и фотограф Фред Бајли ќе ве прошета во подводноти царство со воодушевувачка обиколилка меѓу ајкули.
Заинтересираните гости ќе треба да дејствуваат брзо. Понудата е само за три ноќевања во средината на април. Поради ограничената понуда на сајтот се спроведува конкурс, а победник може да стане човек од сите точки на светот.