Руската армија се “наоружува ” со роботи

од desk4
95 прегледи

Роботите стануваат дел од руските вооружени сили. Ќе бидат употребени за најопасните работи, формирани како армија од досега невиден вид.

varan_b

Целта на амбициозната програма за роботизација до 2025 (донесена кон крајот на 2014 година) е создавање борбени роботи кои можат да функционираат во вода, во воздух и на земја.

Во тек е формулирање на единствените технички норми и стандарди за роботите за воена намена. Треба да се реши проблемот на замена на увозната стока со домашни производи, да се направат полигони за тестирање и да се воспостави ефикасна соработка помеѓу воената индустрија и Министерството за одбрана како краен корисник на борбените роботи.