Пресудата на судот во Хаг, која се однесува на првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ е политичка исто како и нејзините последици и таа ќе помогне само да се намали можноста за идно помирување на Балканот, пишува српски Блиц.

Ова е наведено во текст објавен на канадскиот центар за истражување на глобализација. Авторот Дајан Џонсон наведува дека злосторствата во БиХ не биле еднострани и дека во таа земја се водеше граѓанска војна, со учество на три вооружени страни, вклучувајќи го и надворешниот фактор.
Во текстот кој носи наслов:”Меѓународна неправда, пресудата на Радован Караџиќ”, aвторот наведува дека пресудата против Караџиќ за судењето кое траело седум ипол години и чиј што исход се очекувало да биде “виновен”, може да се сведе на следново: “тие рекоа, тој рече и ние ви веруваме вам, а не нему”.

– Хорор приказни на судењето, поткрепени со гласини, помалку или повеќе затегнати интерпретации се сведоа на “давење риба”. На секое правично судење секоја тужба би се сведела на фактите кои може да се докажат или не, но во оваа затегната постапка изоставен е секој поим на релевантност, се наведува во текстот.
Џонсон заклучува на дел од пресудата во кој судијата О Гон Квон признава дека босанските муслимани ги гаѓале своите цивили за да ја испровоцираат меѓународната заедница да делува во нивно име, а особено на Обединети Нации во Сараево или отворајќи оган на територијата под нивна контрола, за да ја стави вината на Србите.

Воената машинерија НАТО предводена од САД секогаш е невина, додека нивните противници секогаш се виновни!
Пресудата против Караџиќ во голема мера го сумира случајот против генералот Ратко Младиќ, што остава малку сомнеж во кој правец оди судењето. Освен случајот Младиќ, пресудата Караџиќ се потпира и на пресудаа од судењето против генералот Радислав Крстиќ.
Добро информирани западни и муслимански сведоци рекоа дека српското преземање со Сребреница било неочекуван резултат на ставањае во ситуација на неизвесност, што го демантира тврдењето дека станува збор за добро смислено злосторство. Заклучокот е дека Караџиќ бил свесен што се случува од телефонски разговори, а помалку е веројатно дека Караџиќ како политички, а не воен лидер во последните мигови од војната го компромитирал својот став со тоа што ги повикал војниците да ги масакрираат заробениците.
Авторот укажува дека пресудата е особено чудна и по прашањето за терминот геноцид, кој е сведен на геноцид во еден град чии што жртви се мажи, додека жените и децата се поштедени.
– Пресудата е широко прифатена, а не е критички анализирана. Овде поимот геноцид се изедначува со војна, бидејќи во војната е вклучено намерното убивање на мажи, пишува во анализата.
Ако мусиманите признаа дека злосторствата ги извршувале и луѓе од нивна страна, тоа тогаш би била основа на двата народа да му пресудат на минатото и да бараат подобра иднина заедно, пишува авторот.