“Како може опрема и уреди за ДБК набавени во 2008/9 да застари за 6 години” .прашува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, коментирајќи ја акцијата „Тврдина“ на СЈО, во најновото издание на емисијата Вин-Вин
Тој кажа и дека МВР поднело 3 нови пријави за фалсификувани дипломи на раководни лица вработени во СВР Куманово.
Спасовски го искоментира и објавувањето на снимки од приватни разговори анономно објавувани на Јутјуб.
„МВР поднесе по службена должност побара од ОЈО да ги истражи сите објави на аудио снимки со приватна содржина кои се објавуваат во неколку наврати по социјалните мрежи и Интернет“, рече Спасовски.