Американскиот производител на електрични автомобили “Тесла” (Tesla) го претстави во четвртокот вечерта долгоочекуваниот компактен седан, два пати поевтин од претходните електрични.
Тоа е “Модел III”, за кој, според производителот, веќе има над 115 000 нарачки. Податоците ги пренесе директорот и основач на фирмата Елен Муск за време на презентацијата на возилото.
“Модел III” треба да излезе на пазарот во крајот на следната година, со специфицирана главна цена околу 35 илјади долари. Тоа е два пати помалку од секој од двата модели, кои во моментов се продаваат во “Тесла” – “Модел S” и кросовер “Модел X”, кои почнуваат од 70 илјади.