(ВИДЕО) Петмина се повредени при моќна експлозија во центарот на Париз

од desk3
90 прегледи

Пет лица се повредени во експлозијата, која избувна во станбена зграда во центарот на француската престолнина Париз. Ова го соопшти “Франс прес”, повикувајќи се на извор во полицијата. Првично информација за експлозијата се појави на социјалните мрежи. Очевидци објавија слики на запалената зграда.

France-5-injured-as-huge-explosion-hits-residential-building-in-Paris

Полицијата потврди дека причина за инцидентот е истекување на гас. Пет лица, меѓу кои вработен на противпожарната служба, биле повредени. Како резултат на експлозијата неколку ката од зградата се урнати.