Викинзите пред Колумбо ја откриле Северна Америка

од desk3
361 прегледи

Нови докази покажуваат дека Викинзите може да ја откриле Северна Америка речиси 500 години пред Кристофер Колумбо, пишува Daily Mail. Научниците веруваат дека откриле викингшка населба на канадскиот остров Њуфаундленд, кое било востановена помеѓу 800 и 1300 година по Христа.

Image_5404555_407

Ова е втора вакво населба, пронајдена во Северна Америка. Откритието помага да се докаже дека Викинзите се првите Европејци кои влегоа во “новиот свет”. Доктор Сара Паркак, археолог од Универзитетот во Алабама објасни дека пронајдената населба може да открие уште тајни за Викинзите и да докаже дека тие се првите Европејци,кои се населиле се на новиот континент.

Според еден историски извор, Викинзите ја откриле Америка во 986г. по Христа. Досега оваа информација не беше докажана, но новото откритие може да докаже дека тоа е вистина.