Балканскиот пат е целосно затворен, поради таа причина мигрантите ќе се обидат да навлезат во Европа преку Бугарија и Албанија. Политичката раздробеност ќе продолжи да биде доминантна тренд во Европа во вториот квартал на 2016 година

Времето се затоплува, миграцискиот поток од Блискиот Исток за Грција нема да ослабе и се повеќе мигранти ќе се обидат да стигнат до Италија. Европската комисија и германската влада ќе се обидат да го задржат Шенгенскиот договор што дозволуваат слободно предвижување меѓу земјите, но стана норма гранична контрола во некои европски земји да биде зачувана, особено по терористичките напади во Брисел.
Велика Британија на крајот на кварталот ќе гласа, избирајќи дали да остане или не во Унијата, од таа причина обидите островот да бидам сочуван во составот на континенталниот блок ќе се засилат како внатре во Обединетото Кралство, така и во странство.
Миграциска криза
Со затоплувањето на времето преминувањето на Егејот ќе стане полесно, поради што мигрантите од Блискиот Исток ќе продолжат со обидите да дојдат до брегот на Грција, и покрај постигнатиот неодамна договор меѓу ЕУ и Турција за намалување на миграциските текови. Од своја страна, земјите од ЕУ ќе започнат да се туткат кога ќе дојде времето да се селат бегалци ко своите земја.
Едностраните дејствија, такви како исправање на огради, пограничните контроли и квотите за азил, ќе продолжат. Бидејќи главниот балкански пат е целосно затворен, некои мигранти ќе се обидат да навлезат на север во Европа со резерва правци – преку Албанија и Бугарија. но ако овие земји се соочат со миграциски прилив, тие жестока ќе ја контролираат границите со Грција. Се поголем број на мигранти ќе се насочат кон Италија. Дел од барателите на азил кои се инфилтрирале во Европа во Албанија, ќе се обидат да го преминат Јадранското Море, за да влезат во Апенините. Со подобрување на времето во Медитеранот ќе се активира маршрутата,која ја поврзува Северна Африка и Јужна Италија. Во одговор Рим ќе ги поддржи напорите на Брисел, кои ја повикуваат ЕУ кон колективна акција како одговор на кризата, за да се заштити Шенгенскиот договор и да се поддржуваат плановите за засилување на европското присуство во Средоземното Море.
Во меѓувреме, некои соседи на Италија може да одлучат да ги затворат своите граници, за да го спречат предвижвањето на мигрантите на север. За да престане миграцискиот прилив, Европската унија ќе ги претстави планови за создавање на европска гранична служба и крајбрежната стража за да ги координира активностите на граничните служби на одделни држави. Земјите од ЕУ, кои се со надворешни граници, како Италија, Грција, Полска и Унгарија ја поддржуваат оваа идеја, но ќе се противат на предлозите на Европската комисија да му даде на Брисел овластување да испраќа сили на оваа агенција во една или друга страна без нејзината согласност . На претстојниот квартал слични гранични сили нема да бидат создадени.
Во вториот квартал ќе продолжат дебатите за иднината на Шенген зоната. Земјите кои се наоѓаат по балканскиот миграциски правец, ќе побараат Грција да биде отстранета од Шенген, како и ќе се залагаат за зачувување на граничната контрола. Но Германија и Италија ќе ја поддржи Грција, како резултат на што Атина ќе остане член на зоната за слободно движење. Но и во овој случај Унијата, каде се свежи сеќавањата на бриселските напади, ќе се согласи со продолжување на граничната контрола на ранливите делови од миграцискиор пат. 
Миграциската криза ќе има политички последици во Германија. Позициите на канцеларот Ангела Меркел нема да бидат поставени на коњ, по слабите резултати на нејзината конзервативна партија на мартовските регионални избори и успесите на антимигрантската партија “Алтернатива за Германија” . Тоа ќе предизвикаат несогласувања внатре во владата. Меркел и понатаму ќе бара паневропски патишта за излез од миграциската криза, но нема да ги најде. Ќе се добие тоа што таа ќе се потпира на малкуте останати држави / а тие ќе станат уште помалку / кои продолжуваат да го поддржуваат нејзиниот план за преселување на мигранти во Турција.
Брекзит или не
Британскиот референдум за членството во ЕУ ќе се одржи на 23 јуни. Премиерот Дејвид Камерон и некои членови на неговиот кабинет, а исто така голем дел од Лабуристичката партија ќе агитираат за останувањето во Унијата.
Бунтувањето конзервативните пратеници и антиимиграционната Партијата на Независноста ќе се борат за излез. “Стратфор” смета дека Велика Британија ќе остане во составот на ЕУ. Но ако Брекзит сепак се случи, тоа ќе предизвика политичка криза во Лондон, каде раководството на земјата ќе се потруди да го задржи отворените канали за преговори со Европа.
Независно од исходот на гласањето преговорите на Камерон со ЕУ ги ги отворија вратите за другите земји кои сега ќе поднесат своите барања кон Унијата, поддржувајќи ги со закани за спроведување на референдуми дома. Благодарение на британскиот гласање земјите полесно се воздржат од учество во работата на продлабочувањето на европската интеграција. Ние ќе почувствуваме ефектот од овие промени целосно не во овој квартал, туку доста подоцна. Настаните во периферијата на еврозоната ви овиј квартал ќе биде обележана со политичката и економска неизвесност во еврозоната. Грчката влада ќе се договори со доверителите и ќе ја добие следната транша во рамките на програмата со помош. Тоа значи дека дефолтот и излегувањето на Грција од еврозоната ќе биде повторно одложена.
. Но овој договор нема да остане без последици: ќе ослабне народната поддршка за Атина, а системот за социјална заштита на семејствата ќе продолжи да се урива. Власта во Атина ќе слабее Соодветно, Грција ќе се соочи со перманентната опасност од политички и социјални потреси.
Во Шпанија главните политички партии нема да успеат да се договорат за формирање влада. Напнатите преговори за склучување на таков договор ќе се одржат, и Шпанија на крајот на јуни повторно ќе гласа. Тоа нема да доведе до некаква сериозна економска или финансиска криза во текот на кварталот. Сепак политичките или изгледите за создавање на нова влада, што може да се откаже од бројни реформи спроведени при претходното раководство, ќе ја ослабне довербата на пазарот во земјата. Мадрид може повторно да не ги исполни своите обврски за намалување на дефицитот, што ќе создаде нови проблеми за Шпанија. Слична е и ситуацијата во Португалија, каде нестабилната влада неуспешно ќе ги убедува финансиските пазари во својата способност да ја лекува португалската економија. Бидејќи владата на земјата се состои од неверодостојни повеќепартиски коалиции, предвремените избори не се исклучени. Вториот квартал ќе биде богат со настани и во Кипар, каде што ќе се одржат парламентарни избори на 22 мај. Ако победат силите кои шират се за обединување, тоа меѓународно признатата грчка влада во Никозија ќе се стреми кон продолжувањето на преговорите со турската влада на Северен Кипар.
Иако север, и југот имаат интерес од продолжувањето на преговорите, во вториот квартал ние не очекуваме некаков значителен напредок. Банкарските системи на Италија и Португалија најверојатно ќе ги претрпат големите тешкотии од глобалните економски превирања , на пример, ако дојдат лоши вести за економиите на Кина или САД, кои негативно ќе влијаат на европските пазари. Шпанија исто така може да се покаже како ранлива поради политичката неизвесност во Мадрид.
Но во оваа фаза сите дилеми едвај ќе бидат драматични, бидејќи пакетот мерки, објавени на 10 март од Европската централна банка, ќе обезбедат доволно живост на пазарот на хартии од вредност, а исто така стабилност на банкарските салда во еврозоната.
Настаните на Исток
Варшава ќе преземе понатамошни активности за своја контролата врз политичкиот систем и економијата на Полска, што ќе доведе до нови тензии со Западот. Во вториот квартал полската влада ќе воведе данок на супермаркетите, каде странските инвеститориќе имаат солидна партиција. Популистички активности на Варшава ќе предизвикаат поларизација во општеството и во овој квартал ќе се обноват антивладините протести. Но опозицијата во Полска е слаба, па актуелната влада ќе ја задржи власт. Во јули ќе се одржи самитот на НАТО и во нејзиното пресрет Варшава ќе продолжи да инсистира за засилување на военото присуство на Алијансата во Источна Европа. Полската Влада ќе се залага за проширување на политичката соработка со земјите од Вишеградската група, каде што освен неа членуваат Унгарија, Чешка и Словачка. Полска ќе се обиде да ја координира својата позиција во ЕУ со групата.

Во Србија не се очекуваат промени по изборите. На 24 април во Србија ќе се одржат избори кои едвај ќе поднесат сериозни промени во нејзината надворешна политика. Новата администрација во Белград нема да ја промени намерата на Србија да стане членка на ЕУ, а истовремено со тоа ќе се задржи врските со Москва во периодот на засилување на тензиите меѓу ЕУ и Русија. Во последните недели на кварталот постојано гласно ќе зазвучат дебатите за санкциите на ЕУ против Русија. Некои земји-членки на ЕУ, како Италија и Унгарија, ќе дадат сигнали дека не вреди да се продолжи санкциите по истекот на нивниот рок на акција на крајот на јули. Но ЕУ едвај ќе ги укина санкциите во вториот квартал, а повеќе веројатно е да ги задржи до крајот на годината. —–
————————————–
Анализа-прогноза на агенција “Стратфор” за развојот на Европа во вториот квартал на 2016 година