Наместен е, не е виновен, ослободете го , тоа се пораките на поддржувачите на Љубе Бошковски кој под сомнителни околности е политички осуден во што очигледно учествувала и власта и судството и сега затворот Идризово,кјо не го ослобидува по издржаната казна .
Остри зборови беа искажани на сметка на директорот за затворот во Идризово Живко Пејковски. Ова нема да излезе на добро предупредија членовите на партијата Обединети за Македонија и група граѓани .На Пејковски му дадоа рок од неколку дена да го слободи Бошковски бидејќи во спротивно ќе поднесат кривичка пријава против него.
Барање за ослободување на Бошковски упати и лидерот на Достоинство- генералот Стојанче Ангелов. Потребен е рече на семејството но и нам.
Директорот на затворот Идризово останува на ставот кој го соопшти пред 3 недели кога отфрли каква било политичка инструкција во одлучувањето за Бошковски . На 8ми април е закажано ново рочиште за случајот Ровер, ни изјави Пејковски .Според него, секое барање за предвремено ослободување се разгледува поединечно, и така се постапува и со барањето на Бошковски .За апсењето на екс министерот , специјалното јавно обвинителство отвори предистражна постапка за случајот „Тортура“.
ИНТЕГРАЛНО од СЈО : случај „ Тврдина“ !
Првоосомничен е порашешниот шеф на УБК Сашо Мијалков.