Колку чини бензинот на бензинските и колку чини тој реално? Каде во Европа горивата се поевтини и каква улога играат за нивната крајна цена меѓународните пазари? ДВ одговара на овие и други прашања.
Цената на горивата е вечна тема за дискусии во секоја автомобилизирана држава. Љубителите-возачи се жалат кога цената на бензинот тргнува да расте, и обратно – искрено се радуваат кога цените одат надолу.
Поефтино
На крајот на март бензин А-95 чинеше просек 1,23 евра по германските бензински пумпи. За споредба – во Македонија во моментов еден литар од ист вид гориво ЕУРОСУПЕР БС – 95 чини на бензинските пумпи во просек 60.5 ден/л (0,99 евра).
Во последните неколку години цените на бензинот во Германија постојано се намалуваат. Според податоците на германскиот автомобилски клуб ADAC, во 2012 година се регистрирани рекордно високи цени од редот на 1,73 евра за литар бензин А-95 и 1,50 евра за литар дизел. Во 2013 цените тргнаа надолу за да стигнат во почетокот на февруари до најниските вредности од почетокот на економската криза во 2009 година.
Цената на дизелот пак падна под психолошката граница од 1 евро и во февруари беше 0,97 евра за литар. Поевтин дизелот не бил од 11 години. Во Македонија цената на дизел горивото во моментов е 45 ден/л (околу 0,8 евра).
Доналд Трамп допушта распаѓање на НАТО
Светските цени не се единствен фактор
Поевтинувањето на горивата започна уште во 2013 година, кога на меѓународните пазари сурова нафта сеуште држеше висока цена. Но, кога и таа почна да паѓа во втората половина на 2014 година, тогаш веќе ништо не можеше да го запре поевтинувањето за крајните корисници.
“Светските цени на нафтата се најважниот, но не и единствен фактор кој ги одредува цените на горивата во Германија”, вели генералниот директор на здружението на фирмите од нафтено-преработувачката индустрија Кристијан Кјухен. Има и два други важни фактори – курсот на еврото во однос на доларот и цената на нафтените производи.
Најважниот трговски центар за нафта во Европа е Ротердам, каде што се наоѓаат неколку од најголемите нафтено-преработувачки фабрики. “При формирање на цените, германските бензински пумпи се ориентираат не по цитати на суровата нафта, туку на проценките во Ротердам, кои се утврдени од понудата и побарувачката. Затоа минатото лето, на пример, нафтата поевтини, а бензинот поскапе за кратко, бидејќи се зголеми побарувачката во САД “, вели Кјухен.
70 проценти данок
Цената на бензинот може и да падне уште, но не многу, бидејќи веќе е постигната дното, која зависи од даноците и акцизите во Германија. Оваа проценка ја потврдува и прес-секретарот на ADAC Јоханес Бос. “Колку е пониска цената на бензинот, толку повисоки се процентите данок. Тоа е поврзано со енергетскиот данок, кој не зависи од цената. Во таа смисла цените на мало можат да паѓаат само до одредено ниво. И овој најнизок предел веќе е достигнат “, вели тој.
Од секој литар бензин државата прибира 65,4 центи во форма на данок енергија, а од дизелот – 47 центи. Кон ова се додадат и 19-те проценти ДДВ, со кои се оданочува секоја сума, вклучувајќи и данокот на енергија. Односно, државата добива 70 проценти од парите што возачите ги плаќаат за бензин, и 64 проценти од оние за дизел. А бензинските станици треба да ги покриваат производствените трошоци и да извлекуваат профит од останатите 30-35 проценти од малопродажната цена.
Во повеќето земји е поевтино

Во многу земји од ЕУ бензинот е поевтин од оној во Германија. Во февруари земјата го заземаше 17-то место меѓу 28-те земји-членки на ЕУ. Цените на бензинот во сите источноевропски земји, како и во Луксембург и Австрија, се пониски од оние во Германија. Во исто време Белгијците и Французите плаќаат за бензин малку повеќе отколку Германците, а Холанѓаните и Италијанците – значително повеќе.
Според податоците на ADAC, просечната цена за литар бензин А-95 во овие земји во март била 1,50 евра. Во исто време дизелот во Германија е значително поевтин отколку во повеќето земји од ЕУ. Според овој показател Германија го зазема 10-то место во ЕУ.
Данокот не напредувал од 2003
“Данокот на енергија не е напредуваат во Германија веќе цели 13 години – уште од 2003”, вели Кристијан Кјухен за ДВ. Тој смета дека тој ќе се задржи и до изборите за нов Бундестаг во 2017 година. Пред нив е малку веројатно Владата да ги промени даночните стапки. “Но веќе се размислува за зголемување на енергетскиот данок и по изборите се ќе зависи од тоа за кои партии го дале својот глас избирачите”, заклучува експертот.
