Пијан дилер ѝ се пожалил на полицијата за кражба на дрогата

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Дилер на дрога во Велика Британија беше осуден на две години затвор, откако во пијана состојба се пожалил на полицијата дека му ги украле дозите кокаин, кои требало да ги пласира.4746088

Минатата година 23-годишниот Дениел Баркер беше нападнат во еден од парковите на градот Карлајл од двајца мажи кои го ограбиле. Со несреден ум тој отишол во полицијата и се пожалил дека му го украле кокаинот, кој сметал да го продаде токму на крадците.

“Тој не можеше да се сети на детали од несреќата, бидејќи беше под дејство на алкохол”, истакнал обвинителот во случајот Жерар Роджерсон. Покрај тоа Баркер чистосрдечно си признал дека кај него останале неколку дози кокаин, а и во својот дом имал дрога. Полицајците му пронашле во чантата три пакетчиња кокаин за 88 фунти. Односно го уапсиле. Сега поради алкохолните откровенија тој ќе лежи две години зад решетки под обвинение за чување и дистрибуција на дрога, а и ќе треба да се оддаде на 200 часа јавен труд.