Институциите имаат уште многу работа за кредибилни избори на 5 јуни, истакнаа амбасадорите на САД и ЕУ во Скопје, Џес Бејли и Аиво Орав при нивното заедничко интервју во вестите на Канал5.

– Договорот од Пржино уште важи. Се вршат теренски проверки за Избирачкиот список, но сеуште има прашања за решавање..Предупредуваме дека е сложен процесот на бришење на тие кои се погрешно во спискот, а експертската јавнсот предупреди дека мора да се интеревенира во измени на законите за да се скратат роковите за да изборачкиот список биде вистински прочистен и кредибилен, нагласи америкаснкиот амбасадор Џес Бејли. Граѓаните имаат право да ги бараат грешките да бидат исправени, и секој има право на жалба, ако има грешки во бришењето. Од народот и партиите зависи дали ќе има избори на тој датум 5 јуни или некој друг затоа што административните закони бараат време.
Кога ќе завршат изборите на 6 јуни сакаме да кажеме дека се било во ред и изборите биле демократски. Ако народот одлучи датумот за избори да се промени, тоа е во ред. Сите партии ни рекоа дека се подготвуваат за избори и јас им верувам – рече Бејли.
Орав истакна дека СЈО треба да има поддршка од сите партии. Со Пржинскиот договор има потешкотии вели евроамбасдорот Аиво Орав во интервју за Канал5.
За него најлоша слика е со медиумите, со непочитувањето на професионалните стандарди , кршење на повелбата на Советот за етика, и неизбалансираноста .
– Во однос на Законот за медуми во есенскиот извештај на ЕУ ќе биде внесено дека за тој закон нема напредок – истакна Орав.
целоснот интервју поглкеднете го тука