(ГАЛЕРИЈА) Модното наследство од Заха Хадид

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Во почетокот на 80-тите години, кога Заха Адид отвора своја канцеларија во Лондон, идејата дека нејзиното име ќе стане синоним за најуспешна жена архитект била повеќе од далечна.8c1ff6ee083c887e96a2e1d063c745f9

Во време во кое повеќето архитекти се под капата на Принцот од Велс и ја маскираат својата работа со тули и керамиди, или украсени фасади со фрагменти од постмодерни слаткарски зданија, Адид не гради ништо.

Таа живее во своите цртежи, носејќи постојано инспирација и брзо трупајќи бројност. Скиците потсетуваат на еден свет кој се крие во соништата и секако не постои … досега. За оние кои не ја разбираат нејзината работа, таа им се чини премногу сложена.

Нејзиниот иновативен и понапреден од своето време талент ѝ ја носи престижната награда “Прицкер”, која таа ја добива во 2004 година и е позната како Нобеловата награда за архитектура. Два пати ја освои наградата “Стирлинг” на Кралскиот институт на британските архитекти.

Оваа година Заха Адид освои златен медал за животно дело на Кралскиот институт на британските архитекти, со што стана првата жена која самостојно ја добива наградата.

Иако на 31 март оваа година Заха Адид почина на 65-годишна возраст, нејзината работа и влијание не само во архитектурата, но и во модата.

Нејзините идеите го материјализираат скулптирањето и футуристичкиот дизајн од уметнички проекти за Chanel во накит, до чевли за брендови како Georg Jensen и Melissa.

Еден од најмногу зборуваните нејзиниот проекти во модната индустрија е оној од 2007 година, посветен на класичната торба Chanel.


“Контејнерот на современата уметност”, како што го нарекува Адид, дебитираше во Хонг Конг во 2008 и патува до Токио и Њујорк, покажувајќи 15 современи уметници, меѓу кои и Јоко Оно, кои творат со инспирацијата на чантата 2.55 на Chanel.

“Еден гениј помалку во светот. Има неколку луѓе на кои се восхитувам колку што на неа.Со скршено срце сум. Нејзиното влијание е огромно и ќе продолжи. Јас сум повеќе од тажна. Таа беше пријател со неверојатно чувство за хумор “ , изјави Карл Лагерфелд по повод тажната вест за смртта на Заха Адид минатата недела.

Во прилог на нејзината работа како архитект, Адид ја пренесе својата креативност и во светот на модата. Таа често се издвојуваше со драматичен накит и чевли за модни куќи како Comme des Garcons, Issey Miyake и Prada.

Иако модата и архитектурата работат на два циклуса, еден постојан и еден нетраен, Заха Адид ја наоѓа врската помеѓу двата и тоа се покажува во вистинскиот пристап, со кој се прошири нејзиниот творечки опсег.

Во биографијата и портфолиото се издвојува заедничка работа со Louis Vuitton, Lacoste, Lalique и Atelier Swarovski.

Ви ги претставуваме најдобрите креации на архитектката Заха Адид од светот на модата во нашата галерија.