Камерон го спореди евентуално излегување на земјата од ЕУ со “скок во непознатото”

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе биде “скок во непознатото”, кој ќе има негативно влијание врз животниот стандард, ќе придонесе за намалување на бројот на работни места, како и ќе го ограничи трговските можности на европскиот пазар. Ова се вели во написот на премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, објавен во електронска верзија на “Дејли телеграф”.

камерон“Излегувањето од единствениот пазар сериозно би ја погодило нашата сфера на услуги – токму тука нашата економија се соочува со најголем ризик”, вели Камерон, истакнувајќи ја водечката улога на земјата во обезбедување на консултантски и ревизорски услуги, кинопроизводство, реклама и осигурителен  бизнис. “Нашите индустрии во сферата на услугите се зголемуваат во просек за 3% годишно и сочинуваат речиси 80% од нашата економија, на нив се паѓа околу 40% од британскиот експорт, а до денес Европа се јавува како најголемиот пазар”, нагласува Камерон. Тој истакнува уште дека 2 милиони работни места во оваа сфера се директно или индиректно поврзани со извозот. Прекинот на членството на Велика Британија во ЕУ ќе биде и погубно влијание врз земјоделството и индустријата, бидејќи извозот на свинско и говедско ќе биде оданочувано  со митот. Особена сериозност според Камерон,  се  јавува  со проблемот во британскиот челик сектор. Тој истакна дека повеќе од половина од британскиот извоз на челик оди за ЕУ. Автопроизводители ќе се судираат со зголемување на трошоците на производството. Во јуни ќе може да се избере за иднината на Велика Британија. Ние може да  ја избереме економската безбедност или бесмислен скок во непознатото “, рече британскиот премиер. Референдумот за членството на земјата во ЕУ ќе се одржи на 23 јуни. / ТАСС