Дритон Кучи го презеде ресорот економија од Беким Незири

од Vladimir Zorba
345 прегледи

И Дритон Кучи, официјално седна во министерската фотелја во Министерството за економија. Тој денеска ја презеде должноста од Беким Незири.

133114037

Како што соопшти Министерството за економија,  Незири го запознал својот колега со проектите во неговиот мандат, како и надлежностите на министерството и ја потенцирал неопходноста од континуирана работа на постојните цели, како што се растот на економијата, привлекувањето на странски инвестиции, зголемувањето на извозот и подобрување на деловната клима и му посака успешна работа на новиот министер.