Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, останува цврст на ставот дека крстот во Бутел ќе се гради. Петров во изјава за Алсат-М вели дека одлуката за поставување на крстот е легитимна и го обвини Министерството за внатрешни работи што не го одбранило местото кога требало да се изгради овој верски симбол и дозволило темелите да бидат уништени.
„Крстот не е антиалбанска или антиисламска провокација, туку симбол на мирот и љубовта наспроти омразата и војната. Крстот колку е македонски толку е албански, им припаѓа на сите христијани во светот и на христијаните во Македонија. Верувам дека реакцијата против крстот не беше сеалбанска, затоа што Албанците како и Македонците се и православни и католици и муслимани“, рече Тодор Петров, Претседател на Светскиот македонски конгрес./Повеќе на извор Алсат-М
