(ВИДЕО) СДСМ: Директорите на јавните претпријатија во Охрид си ги зголемија платите за 10 000 денари

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Додека на вработените им доцнат платите, директорите на сите општински јавни претпријатија во Охрид си ги зголемиле платите за по 10.000 денари, обвини опозициската СДСМ, а чиј став го пренесе Телма.

proakva
Одлуката била аминувана од управните одбори на јавните претпријатија, како мотив за големиот обем на работа и доброто раководење.
-Имаме сознанија дека директорите преку ноќ си донеле одлука, преку нивните управни одбори, да ги зголемат платите за 10.000 и сега им изнесуваат над 46. 000 денари. Во услови кога во јавните претпријатија голем број од вработените одат на принуден одмор и земаат 70% од платата директорите се луксузираат. – изјави Жаклина Лазаревска – ОО СДСМ Охрид./Повеќе на извор Телма

Целото видео можете да го видите тука