Британка потрошилa илјадници фунти да личи на Памела

од Vladimir Zorba
94 прегледи

На многу луѓе познатите личности им се пример, но ако сакаат да изгледаат како нив, често е потребно многу работа.Така, Британката Керолајн Андерсон си постви задача да личи на ѕвездата на „Чуварите на плажата“, Памела Андерсон.

pamela

Последните 16 години Керолајн ги мина трошејќи илјадници фунти на естетски операции со цел што повеќе да личи на познатата ѕвезда со која има исто презиме – Андерсон, пишува „Дејли Мејл“.

Освен белеење на забите, ботокс и екстензија за косата, Керолајн имала големи финансиски трошоци за вградување на силиконски гради.

Таа, досега за својата трансформација потрошила повеќе од 20.000 фунти.

– Пораснав гледајќи ги „Чуварите на плажата“ и бев многу фасцинирана од изгледот на Памела. Таа е како лик од цртаните филмови во човечки облик, изјави Керолајн.

Со промените на нејзиното тело почнала веќе на 14 години, кога првпат ја обоила косата за да биде русокоса.

Таа денес е уверена дека толку многу напреднала во изгледот и смета дека изгледа подобро од нејзинот идол.