По медиумските написи дека Груевски не доставил анктетен лист за неговата имотна состојба до ДКСК, тој денеска ги повика анти-корупционерите да ги услужат медиумите и да им го презентираат документот.
“Согласно обврските, во законски предвидениот рок, уште на 08.02.2016 година до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) го доставив анкетниот лист.Ја користам оваа прилика, да ја повикам јавно Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на заинтересираните медиуми слободно да го презентира анкетниот лист и имотната состојба која што ја имам наведено во него.”- посочи Груевски.
Претходно Телма телевизија објави дека Имотниот лист на Никола Груевски го нема на сајтот на антикорупциска комисија. Иако е поминат законскиот рок од триесет дена од неговото заминување од премиерската функција за тој да го достави до антикорупционерите, се уште нема одговор дали го сторил тоа. Телевизијата уште пред месец и половина се обратила до антикорупциска, зошто имотниот лист на поранешниот прв човек на владата не е објавен, но и тогаш како и денес од таму не добиле одговараат.

Според последните податоци кои до неодамна биле објавени на сајтот на антикорупциска, Груевски имал заштедено околу 200 илјади евра на сметки во неколку домашни банки.
Тој штедел во неколку валути, во евра, во американски долари, во швајцарски франци, англиски фунти, па се до македонски денари. Во графата како ги стекнал или нема податоци или пак се е по основ на друг начин, каков не се открива. Од личен имот на негово име, немал ниту стан или куќа, ниту земја ниту пак возило, освен 30 уметнички слики. Од имотот на неговите блиски го објавил само оној на сопругата, седум илјади евра на девизна сметка, и помалку од илјада на денарска.
