Три американски компании го тужат „Фолксваген“

од Vladimir Zorba
84 прегледи

 

Прв пат од почетокот на скандалот со изманипулираните резултати за емисија на штетни гасови на автомобилите на „Фолксваген“, американски компании поднесоа тужба против германскиот производител на автомобили, јави ДПА. timthumb (9)

Три компании, кои ги продаваат автомобилите на „Фолксваген“ во САД, поднесоа тужба во Окружниот суд во Чикаго.

Тие тврдат дека автомобилскиот концер ги измамил, инсталирајќи направа во автомобилите со дизел мотори, која ги манипулира податоците за издувните гасови.

Компаниите тврдат дека овие активности на „Фолксваген“ довеле до „погубен удар на нивната заработувачка“ и пад на вредноста на нивните франшизи. Тие додаваат дека имаат складирано голем број дизел автомобили, кои не можат да ги продадат