Путин предчуствува евентуални шокови во структурите на власт на Русија и затоа презема превентивни дејства: најавеното формирање на Национална гарда ќе концентрира уште повеќе моќ во неговите раце.
Во Русија создаваат Национална гарда, а на тој начин власта во земјата уште повеќе се концентрира во рацете на претседателот Владимир Путин и тесната околина. Сега сите важни структури на силите за безбедност веќе се директно подредени на Путин, а на тиа горе нивни раководители се повеќе мажи, кои влегуваат во кругот на најблиските соработници на претседателот. Очигледно овој круг се обидува да спречи било какви турбуленции во структурите на власта во Русија.
Пластичната амбалажа како потенцијална причина за болести

Точно дека на прв поглед не се гледа некаква непосредна опасност, но имајќи ја предвид лошата економска состојба, целосно е можно да се кренат социјални протести. Паралелно со ова се множат и сигналите дека меѓу елитите се подига битка за распределба на повеќе оскудни ресурси. Значи Путин ги концентрира инструментите на власта во своето најтесно опкружување од доверливи лица токму за да ја избегне опасноста од акумулација на овие две тенденции. И фактот дека претседателот реагира токму на овој начин на економската криза во Русија, покажува дека за него е важна не толку модернизацијата на земјата, колку заштита на неговата власт.
www.faz.net
