Во продажба првата 3Д испечатена пилула

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Фармацевтската компанија “Aprecia” прва во светот пушта во продажба лекови изработени целосно со 3D печатач.4753014

Апчето се нарекува “Spritam” и се зема при лекување на епилепсија, пишува научниот сајт “Сајанс алапт”. Лекот, освен што се печати успешно, исто така го има добиено и потребното одобрение од американскиот фармацевтски регулатор и може да биде купенп во САД.

Една од главните предности на лековите кои се 3Д отпечатени, е дека тие се раствораат исклучително брзо. Материјалот од кој се отпечатени, е врз основа на прашина, а структурата на пилулата е изградена врз таложење на повеќе слоеви. Во случајот на “Spritam” тоа е предност, бидејќи е многу полесно лекот да се зема од луѓето кои страдаат од дисфагија (состојба во која е исклучително тешко да се проголтаат апчиња и што е често кај луѓето со епилепсија). Тој буквално се растопува во устата и не може да предизвика задушување или гушење.

Според експерти печатењето на лекови може многу да помогне во иднина и за лекувањето на пациенти кои треба да примаат лекови по индивидуална шема и во одредени количини.