Папата продолжи со “од Бога дадената” реформа- допушти разведените да можат да добијат прошка од Kатоличката црква

од desk3
79 прегледи

Папата Фрањо ја повика Католичката црква да не е толку строга и да покажува повеќе емпатија кон “несовршените католици” – на пример разведените или повторно женетите – со образложение дека “никој не може да биде суден вечно”.

Понтифот изјави дека хомосексуалните треба да бидат почитувани, но тврдо го повтори ставот на црквата дека “нема никакви основи” сојузите меѓу геј паровите да се сметаат за еднакви на оние на бракот помеѓу маж и жена, го цитираше “Ројтерс”.

papa

Во 260-страничен трактат, насловен “Amoris Laetitia” ( “Радоста на љубовта”), едно од најтрпеливо чеканото мислења на црквата, папата ги цитира Мартин Лутер Кинг, аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес и дури култниот дански филм од 1987 година ” Пирот на Бабел “, за да повика црквата повеќе милостива и љубовна црква.

Документот беше особено чекан поради можноста да понесе промени во односот на Римокатоличката црква кон разведените и повторно женетите. Според сега важечките правила таквите католици не можат да добијат Причест, освен ако се воздржат од интимни односи со својот нов партнер, бидејќи во очите на црквата нивниот прв брак уште е валиден. Единствениот начин католик повторно да склучи црковен брак е ако добие поништување на првиот, ако не го склучил по своја волја или свештениците сметаат дека не бил подготвен за брак.

„Зидојче цајтунг“: Нема да ги објавиме сите документи од Панама

“Никој не може да биде суден вечно, бидејќи таква е логиката на евангелието. Не зборувам само за разведените и женетите повторно, но за секој во каква ситуација и да налетал”, гласи мислењето на папата.

download

Повеќе прогресивни гласови во католичката црква нудат создавањето на “внатрешен форум”, при што свештеникот работи индивидуално со лице кое се има разведено или венчано повторно, и се разговара конкретно за секој поединечен случај дали тоа лице може повторно да биде прифатено во католичката црква и да добие Причест.

Од објавеното мислење може да се направи заклучок дека папата Фрањо ја поздрави оваа идеја. Тој пишува дека “не може да создаде нов сет на правила кои ќе се применуваат во сите случаи”, но повика на “одговорна и лична проценка на свештеникот во одделни случаи”.

Отец Џејмс Бретцке, професор по христијанска етика на Универзитетот во Бостон, смета дека иако папата да не дал дозвола разведените и повторно женетите да бидат повторно запишани во католичката заедница “може да се каже дека според него има таква можност”. “Дури и да не ја отвора вратата, барем ви кажува каде е оставен клучот под душекот”.

Денешниот трактат е резултат од два собори на католичките бискупи – во 2014 година и 2015 година

Во друг дел од документот папата вели дека младите луѓе треба да се подобро подготвени за “долга поврзување”, ја пофали “еротската димензија” на бракот и признава дека црквата има потреба од “здрава доза самокритичност”, бидејќи во минатото велела дека создавањето на потомство е “речиси единствената причина за бракот”.