Нашите учеснички во талент шоуто за деца „Пинкови ѕвездички“ нè прават сè погорди од емисија во емисија, а со секој настап потврдуваат само со колкав талент располагаат.
Антонија Гиговска од Скопје беше првата која настапи во седмиот круг и повторно, како од шала, си ги доби сите 5 гласови од жирито и се пласираше директно во седмиот круг.
13 годишната Антонија блескаше додека изведуваше еден од најголемите хитови на Витни Хјустон, „I wanna dance with somebody“.
„Таа е права кралица на сцена. Толку си сигурна, квалитетна и среќна на сцена. Јас цело време мислам додека пееш, што ќе прави Македонија со толку сјајни пејачи.“ ѝ порача Леонтина.
„Уште еден наш суперфиналист. Многу ми се допадна што си го зашеќерила гласот. Навистина си спектакуларна“ воодушевена беше Гоца.
„Веродостојно ни ги пренесе 80-тите и како среќно и убаво пееле пејачите. Тоа што ти успеа да се вклопиш во таква песна… евидентно е дека ќе те гледаме во суперфиналето“ предвиде Милан.
„Вечерва успеа да ме заинтригираш уште повеќе. Ме пленеше. Толку си убава и среќна кога пееш“ порача Јелена.
Во 31 емисија од шоуто настапија 14 учесници кои за првпат испејаа цела песна за да се изборат за столчето на судиите.