Компанијата за приватен превоз “Убер” (Uber) ќе плати 10 милиони долари за да го реши спорот за проверките за безбедност на возачите на апликацијата, пишуваат западните медиуми.
Тужбата против “Uber” е од 2014 година и го оспорува тврдењето на фирмата дека нејзиниот процес на вработување на возачи е подобар од оној на такси компаниите. Обвинители од Сан Франциско и Лос Анџелес тврдат дека рекламата од апликацијата “златен стандард” за безбедност е погрешна.
Според компанијата одлуката да го реши спорот со претходно плаќање не е признание за вина. Во САД оние кои сакаат да станат таксисти треба да дадат отпечатоци, за да го потврдат чистото криминално минато. Наместо тоа, од “Uber” користат нивни алтернативни бази на податоци за криминална активност, кои датираат до 7 години наназад.
Како дел од судската спогодба, компанијата ќе престане да го користи рекламниот слоган “најсигурниот превоз на патот”.