Партијата Народно движење за Македонија на Јанко Бачев, настапува самостојно и ќе излезе на изборите на 5 јуни, информира ТВ21. Бачев вели дека изборната битка ќе биде тешка, особено со сателитските партии од власта, но сепак ќе оди на избори, затоа што смета дека тие  се решение за излез од политичката криза.

izbpri

„НДМ силно верува дека е созреан моментот народот да го разбие двопартизмот во Македонија, во кој 25 години на власт се менуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а на земјата не и оди добро. Исто така нашиот настап на изборите на 5 јуни е во духот на нашите заложби во однос на длабоката политичка криза во која е заглавена државата.“, рече Бачев.

Нова Алтернатива чиј лидер е Ѓорѓи Оровчанец е дел од опозициската платформа за демократска Македонија. Оровчанец и неговата партија нема да учествуваат на изборите на 5 јуни подржувајќи го ставот на опозцијата дека не се подготвени условите за организирање демократски избори.

„До ден-денеска немаме валиден избирачки список и не верувам дека ќе биде до датумот на изборите. До ден денеска немаме Закон за медиуми и до овој момент немаме демократија во државата. Во ваков амбиент изборите нема да бидат кредибилни, кои ќе ги задоволат демократските кодекси.“, рече Оровчанец.

Видеото целосно можете да го видите тука

Слични содржини