Штајнмаер: Г-7 може да разговара за враќањето на Русија следната година

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Групата на седумте најсилно развиени економии (Г-7) по околу една година може да разговара  за враќањето кон формата Г8.

станмајерГрупата на седумте најсилно развиени економии (Г-7) по околу една година може да разговара враќањето кон формата Г8 со учество на Русија. Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ова го изјави  за  “Цајт”, . “Би сакал да не останеме долго во форматот Г-7, за да создадеме услови за враќање на Г-8. Оваа година, сепак такви услови се уште нема “, вели првиот дипломат на Берлин. Според Штајнмаер, ниту еден голем светски конфликт не може да се реши без учество на Русија. Тој ги забележува активните напори на Москва за решавање на сириската криза. Сега во Г-7 влегуваат Германија, САД, Канада, Јапонија, Франција, Велика Британија, Италија. Русија беше исклучена од Г-8 во 2014 година како одговор на анексија на Крим