САД распоредиле бомбардери Б-52 во Катар

од Vladimir Zorba
117 прегледи

 

Официјален Вашингтон распореди бомбардери Б-52 во Катар, со цел да учествуваат во рамки на кампањата предводена од САД против Исламска држава, соопштија американските воено воздухопловни сили.061370

Ова е првпат бомбардерите од периодот на Студената војна да бидат во тој регион уште од Заливската војна во 1991 година, кога дејствувале од соседна Саудиска Арабија.

Воздухопловните сили на САД соопштија дека Б-52 пристигнале во катарската база Ал Удеид од базата Барксдејл во Луизијана.

Тие ќе им се приклучат на меѓународните сили, кои извршуваат напади врз позиции на ИД во Сирија и Ирак.