Харолд Осмонд Ле Друиленец бил еден од илјадниците жртви на нацистичкиот прогон, а за да го оствари своето право на надомест за своето прашање бил принуден да се соочи со ужасите од минатото, покажале службените записи.
Во писмо кое го напишал за поднесување на барање за надомест на штета, открил шокантна вистина за логорот Берген-Белсен во кој секоја ноќ се соочувал со одлуката „да убие или да биде убиен‟.
Неговите искуства излегле на видело кога Државниот архив јавно објавил детали од дела при барања за финансиска помош предадени во 1960 година од страна на британските жртви и нивните семејства. Во 1964 година Сојузна Република Германија се согласила да плати на британската влада износ од милион фунти, т.е. околу 17 милиони фунти во денешни пари, за тие кои преживеале страдања во логорите и нивните членови на семејствата. За надомест на штета тогаш се пријавиле над 4000 луѓе.
За многу луѓе, со исполнувањето на барањата првпат се соочиле со мачните искуства од логорот. Но, надоместот тогаш бил далеку од гарантиран бидејќи само тие кои поминале некое време а воедно биле британски државјани, можеле да остварат право на надомест.
Меѓу датотеките кои ги објавил Државниот архив во местото Кју во западен Лондон, се наоѓала и апликацијата на господинот Ле Друиленец.
Во својата апликација и писмото за остварување на право на надомест на штета, Ле Друиленец меѓу другото напишал, дека бил во три нацистички логори кои ги преживеал, како што напишал „за голема среќа‟.
„Ретко признавам дека сум жртва на нацистички логор, дури и себеси, дека имам голем број физички и психички слабости, такво нешто признавам само на лекар, кога баш морам‟ – напишал тогаш Ле Друиленец, а потоа следел опис на неверојатни моменти за кои бил сведок.
Се присетил на времето кога престојувал во хамбуршкиот камп Бантервег, кој го опишал како ужасен концентрационен логор преполн со мачења и казнувања.
„Најпопуларните начини на кои биле убивани луѓето биле претепување до смрт, давење во вода, распнување и претепување на разни висечки инсталации‟ – го опишал Ле Друиленец логорот Бантервег.
Концентрациониот логор Белсен го опишал како помалку злобен. Во него, како што напишал, немало ни вода ни храна, а спиењето било невозможно.
„Цело време поминато во Белсен го поминав опколен од мртви тела кои ги положував во масовни гробници и копав места за нови тела. Меѓу затворениците владееше закон на џунглата. Навечер или си убил или си бил убиен, а преку ден глетки на канибализам на секој чекор‟ – го опишал логорот Ле Друиленец.
Голем број на луѓе кои биле заробени во Аушвиц биле префрлени во Белсен, а како што напишал Ле Друиленец, секојдневно можело да се слушне како од ова место постои само еден излез – преку смрден оџак на крематориумот.
Само неколку часа пред да дошло неговото време за умирање, концентрациониот логор бил ослободен. Во него поминал цели 10 месеци, изгубил половина од својата тежина, а од разни болести кои го погодиле поради гладувањето и тешкиот режим, заздравувал повеќе од една година.
Своето лечење го прекинал за да сведочи на суд во Лунеберг во 1945 година и за да помогне на истражувачите на воените злосторства. Во своето барање за надомест на штета напишал и дека искуствата од логорите му го ослабеле духот, дека му се оштетени срцето и белите дробови, а спомените од времето пред војната, речиси избледнале.
Добил 1835 фунти отштета што денес претставува 28.707 фунти. Умрел во 1985 година на 73 годишна возраст.
Ова е само едно од писмата во кои жртвите на нацистичкиот режим ги опишуваат настаните во концетрационите логори. Државниот архив најавил пуштање во јавност на уште 3000 писма во пролетта во 2017 година, пишува Дејли Меил
Дејли меил – Лондон