Станаа познати деталите околу нападот на полициската станица во реонскиот центар Новоселское во Ставрополскит крај на Русија, соопшти lifenews.ru. Двајца од тројцата напаѓачи биле убиени од полицајците уште додека ја поминувале бариерата која дели зградата од патот. Третиот успеал да се саморазнесе. Сите тие биле вооружени со автомати и гранати. Носеле се и појаси со бомби. Според очевидци, напаѓачите биле со бради и облечени во црна облека, веројатно и тоа било причина против нив веднаш да биде отворен оган.
Полицијата испрати и портрети на уште двајца осомничени во терористичкиот напад. Според нив, мажите се движеле со зелен автомобил ВАЗ 21099, исто така биле со бради.
По нападот на целата територија на Ставрополскиот крај е прогласена контратерористична операција. По улиците патролираат војници со автомати и оклопни транспортери.
