Научниците се подготвуваат за соларната бура која може да доведе до долг прекин на комуникациите и животот на Земјата може да биде изложен на сериозна опасност.
Многу луѓе се уште не се свесни за опасноста која и се заканува на нашата планета од геомагнетната бура која патува од Сонцето кон Земјата, а на животот на Земјата може да нанесе голема штета.
За оваа опасност се изјаснија од НАСА и од американското министерство за безбедност. Научниците предупредуваат дека човештвото мора сериозно да се позанимава со ова прашање.
Временските услови во вселената и претходно доведувале до проблеми, поради што имало повремени пречки во работата на техничките уреди и доведувало до видливи промени. Сепак, ниту една опасност не била толку драматична како Карингтонскиот настанот од 1895 година кога имало геометриски бура, што денес, на глобално ниво, ако навистина се случи би ја стопирало комуникациската технологија.
Ако еден ваков настан се случи денес на Земјата ќе престанат да работат комуникациски сателити, ќе се расипат GPS уредите, како и тоа авионите не ќе може да летаат. Покрај тоа, можно е овој феномен да доведе до губење на меморијата во компјутерот.
Последиците од ова може да траат со месеци или дури со години, бидејќи на властите ќе им биде потребно време за обнова на инфраструктурата на која се потпира модерниот свет. Осигурителна компанија “Лојд” проценува дека штетата може да биде помеѓу 600 милијарди и 2,6 илјади милијарди долари.
Владата на САД сега одлучи да се преземе сериозни мерки во однос на овие предупредувања, и затоа прво е подобро да се предвидат вселеснките прилики.
– Знаеме дека постои јаз во нашата способност за проценка на ранливоста и потенцијалните последици – рече Џек Андерсон, аналитичар во Министерството за национална безбедност.
– Откако системот ќе падне, тоа може да доведе до последици што е тешко да се замислат – вели Даниел Бејкер, директор на Лабораторијата за атмосферски и вселенска физика на Универзитетот во Колорадо.
Најавите за промена на ставовите кон ова прашање доаѓаат и до Белата куќа.
– Дојдовме до клучната точка на пресврт во однос на ова прашање – рече Тамара Дикинсон, член на Канцеларијата за наука и технологија на Белата куќа.
