Состојки:
1,5 кг тиквички
100 г сирење
100 г јогурт
1-2 јајца
неколку страка копар
сол и бибер по вкус
150 г кашкавал
Подготовка:
Тиквичките се лупат, се мијат и се рендаат на големо ренде. Потоа е потребно да се исцедат за неколку минути. Ставете ги во сад и додадете кон нив кршено сирење, сечен копар, јајца, млеко, лук, црниот пипер, неколку капки масло и брашно по желба околу лажица.
Сè се промешува многу добро и се става во намачкана тава со масло. Печете во загреана рерна на 180 степени. Кога се речиси готови може да ги посипете со рендан кашкавал и запечете за уште неколку минути.