(ВИДЕО)Белградската рокенрол група „Hypnotized“ го промовираше новиот сингл „Марта“

од Vladimir Zorba
84 прегледи

 

– Белградскиот рокенрол состав „Хипнотајзед“ го претстави видео спотот за песната „Марта“, вториот сингл од новиот албум, кој ќе биде објавен во текот на оваа година.Nastup grupe Hypnotized_620x0

Спотот, кој ги руши сите продукциски клишеа во балканскиот регион и носи вистински рокенрол звук, премиерно беше прикажан во преполната галерија на „Штаб“ во Белград, додека пошироката публика премиерно го гледаше спотот на Ем-Ти-Ви.

Составот „Хипнотајзед” за кратко време привлече големо внимание на јавноста и љубителите на вистинскиот рок звук. Значајниот успех го постигнаа со донесување на светски стандарди за аудио и видео продукција на нашите простори.

Видео спотот за песната „Марта“ го потпишуваат контроверзниот американски режисер Марк Нава и познатиот шведски монтажер Робин Сајв, кој, меѓу останатото, соработува и со светски прославените артисти како „Продиџи“, Мадона и „Дафт Панк“.

На студискиот албум, кој го најавуваат со сингловите „Кретен“ и „Марта“, му претходеа два успешни албуми „Big Natural” од 2010. и „Нема назад” од 2013. година. За успехот на составот „Хипнотајзед” говори и фактот дека досега настапувале на најважните регионални музички фестивали како што се „Егзит”, „Супернечрл”, „Бир Фест”, „Гуча“, „Пиво Фест”, „Лејк Фест” и многу други.

Составот е основан во 2008 година во Белград и го сочинуваат шест музичари: два вокали, две гитари, бас и тапани.

Дел од нивните преработки на кафански песни