Западот им ја направи “Украина”, Русија им ја направи “Сирија” и сега ја стабилизира својата економија

од desk3
78 прегледи

Инвеститорите почнуваат повторно да гледаат кон Русија, откако пред две години заради геополитичките тензии ги намалија силно изложеностите кон земјата. Тоа го смета менаџерот на портфолиото со руски акции на швајцарската банка Credit Suisse Ана Ваананен, цитиран од Reuters. Сеуште нема голем прилив на странски капитал, но заздравувањето на руските берзи во последните месеци, кога и нафтата, и рубљата поскапеа, го поттикнува интересот на инвеститорите, вели Ана Ваананен пред агенцијата.

images

“Истите луѓе кои гледаат за прв пат во последните две години, се заинтересирани за последните податоци околу рускиот пазар”, вели таа.

Перспективни сектори
Меѓу најважните средства во нејзиното портфолио, кое изнесува 60 милиони долари, се акциите на најголемата банка во земјата Sberbank, синџирите за трговија на мало “Магнет” и X5, нафтениот гигант “Лукоил”, најголемиот онлајн пребарувач Yandex и големиот телеком MTS. Приносот на фондот е 7.4% за првиот квартал, иако е намален за 9,9 процентни поени за последните три години. Слично на другите пазари во развој, руските акции бележат подобрување на почетокот на годината. Доларскиот индекс RTS на Московската берза се зголеми за 45% во споредба со рекордно ниските нивоа од јануари. Ова главно се должи на повисоките цени на суровата нафта и зајакнувањето на рубљата. Индексот MICEX, кој е во рубли, се зголеми за 18% во споредба со јануари.

Додека наметнатите економските санкции од Западот над Русија и слабата локална економија ги држеа инвеститорите далеку од земјата во последните две години, цената на нафтата, која е главната извозна стока за Москва, се стабилизира во последните неколку недели. Во исто време некои западни инвеститори изразија надеж санкциите да бидат ублажени во следните месеци.

“Зидојче цајтунг”: Тајни агенти од различни земји се користеле со “Мосак Фонсека”

Ваананен очекува дека руската економија ќе дојде дното во вториот квартал на годината, а потоа ќе почне постепено да се опоравува, најмногу поради слабеењето на инфлација, смалувањето на каматите и подобрувањето на корисничката доверба. И покрај економските проблеми државата продолжува да насочува пари во области кои можат да ја заживеат потрошувачката. На овој начин се создава можности за мали инвеститори, наведува таа. Според неа тоа значи добри изгледи за акции на компании поврзани со потрошувачката.

“Ако ги погледнеме буџетските трошоци, гледаме во нив всушност можности, бидејќи голем дел од нив одат за пензии, јавниот сектор, плати и … војската, каде што исто така има многу плати … а овие пари одат директно во потрошувачка”, објаснува таа.

Фонд менаџерот очекува забрзување на консолидацијата во секторите како продажба на мало на прехранбени производи, IT, интернет, транспорт и домување, бидејќи во нив многу компании ќе стекнат пазарен удел од послабите конкуренти кои настрадаа посилно од недостатокот на капитал во последните две години.

Акциите на приватните компании извозници, најмногу во металите и рударството, кои не плаќаат високи даноци, исто така, може да се покажат како привлечни за помалите инвеститори, прогнозира Ваананен. Таа гледа исто можност државните извозници како “Башнефт” и “Алроса” да ги зголемат дивидендите во одреден момент, за да ги поддржат регионите каде се наоѓаат нивните основни средства.

Таа е попретпазлива во однос на нафтената и гасната индустрија, кои се главен извор за државниот буџет, бидејќи 30% од приходите на компаниите во нив одат за плаќање на даноци. Тоа ги ограничува изгледите пред малите инвеститори за поголеми дивиденди, додава таа.

“Затоа мислам дека човек треба да биде премногу реален во однос на енергетската бранша. Понекогаш тоа се повеќе тактички отколку фундаментални инвестиции за малцински акционери”, смета менаџерот.
Не сите се оптимисти

Не сите го делат оптимизмот на Credit Suisse. Светската банка го објави во петокот редовниот извештај за руската економија, кој предупредува за одложување на обновата. “Земјата продолжува да се приспособува кон неповолната надворешната средина на ниски нафтени цени и меѓународни санкции”, се вели во него. “Во 2015 година последиците од овој двоен шок доведоа до намалување на БДП на земјата со 3.7%.

Поопасно е намалувањето на реалните приходи на домаќинствата. Само во 2015 година луѓето под прагот на сиромаштијата се зголемил за 3,1 милиони, стигнале до вкупно 19.2 милиони луѓе од 143 милиони. . Светската банка очекува овој тренд на осиромашување да продолжи и да се продлабочи оваа година.