ВМРО ДПМНЕ и тие против Иванов – Заев ги повика да дојдат во парламент да му изгласаат инпичмент

од Vladimir Zorba
75 прегледи

 

Тие што ја предизвикаа политичката криза преку интриги, подземни сценарија, деструктивно однесување кое е спротивно на интересите на народот и државата треба и мора да одговараат. Ставот на ВМРО ДПМНЕ кон сето ова што се случува во државата е јасен, не може да не одговараат луѓето кои повеќе од година и пол ја држеа Македонија во заложништво, ги кршеа законите, ги уриваа институциите на државата и го закрвуваа народот.E2559D41-9139-4CA1-A488-7114C40F55E3_w640_r1_s_cx1_cy14_cw56

ВМРО ДПМНЕ со фрапираност и неверување ја проследи прес конференцијата на Претседателот Ѓорге Иванов.

ВМРО ДПМНЕ не се сомнева дека Претседателот Иванов секогаш имал чесни и добри намери и постапки, водејќи се од националните и државни интереси и идејата за национално помирување и единство, кое сметаме дека е секогаш потребно. Сепак во конкретниов случај би сакале да изразиме силно несогласување со оваа негова постапка.

Сметаме дека со овој потег, се оневозможува нашата воља и напор да се разобличат сите конструкции, лаги и манипулации,  кои ни беа наметнувани и  беа насочени кон нас како дел на едно однапред смислено сценарио.

Со многу работи со претседателот Иванов сме се согласувале и имаме високо мислење за него, затоа што секогаш се водел од државниот и национален интерес, но ова е прашање за кое имаме сериозни и длабоки несогласувања.

(ВИДЕО) Заев: Ова е државен удар, го погребаа Договорот од Пржино, Иванов да поднесе оставка

Веднаш по оваа соопштение во обраќање до нацијата лидерот на опозицијата  Зоран Заев оваа сопштение го нарече карикатира , и ги повика  до колку се искрени во ставот да дојдат во парламент и заедно да му изгласаат инпичмент и да го тргнат Иванов од претседателската функција.