Срамна одлука на Иванов

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Иванов објави дека од денес постои неказнивост за политичарите.
Тој објави дека сите граѓани во Македонија се еднакви пред законот, но политичарите се поеднакви од нив. Срамно.
spasov-modifiedИванов со својата одлука за аболицирање на обвинетите политичари објави дека ја поништува секоја одлука на обвинителствата која се однесува или ќе се однесува на политичарите, независно од тоа дали биле фатени во правењето кривични дела фалсификување на избори, криминал, корупција или злоупотреби на функциите.
Иванов објави дека не ги признава постапките на Специјалното јавно обвинителство и ја поништи сета негова досегашна работа .
Иванов објави дека ја поништува одлуката на Собранието за формирање на Специјално јавно обвинителство кое има за задача да ја утврди кривичната одговорност за делото масовно неовластено прислушување на граѓаните и направените кривични дела за кои постојат индииции од прислушуваните разговори.
Иванов поништи значајна одредба од Договорот во Пржино.
Иванов ја уништи надежта дека со основањето на Специјалното јавно обвинителство ќе имаме во земјата барем една независна истрага и дека некој од власта ќе одговара за сторени кривични дела.
Иванов пушти порака дека додека е тој претседател со вакви овластување секој што е политичар може да прави какви сака кривични дела.
Иванов објави дека секој криминал на политичарите е директно под негова заштита.
Иванов објави дека не е ниту државник нити претседател на сите граѓани ниту чесен човек.. Иванов е срам за Македонија. Иванов е срам за својата професија. Срам за своето семејство. И во било кое нормално општество по направената гадост би се скрил од јавноста за секогаш.
Тој амнестијата подло им ја даде наводно на сите политичари, за да ја затскрие клучна цел а таа е : амнестирање на Јанкуловски, Јанакиевски и други обвинетиод специјалното јавно обвинителство за криминалот кој е поврзан и со неговиот личен избор за претседател на државата. Тој спречи за да се дознае дали наредбите за тој криминал не ги давале лично тој и Груевски. Тое е тој во кого претставниците на меѓународната задница наивно поверуваа дека нема да го користи тоа право за продлабочување на кризата во Македонија
Иванов е дел од криминалната група на Груевски која прави се со некакви избори да побегне од одговорноста за направените криминали. Тоа е банда која секој ден со секој нов чекор покажува дека ја зајакнува својата диктаторска власт, секој ден само го зголемува гневот на јавноста и предизвикува конфликти и хаос во кој најдобро се снаоѓа. Сето тоа не смее да помине неказнето.
Се сеќавате на една од бомбите за Груевски во која тој ги дава следните инструкции: А да му се соберат две три илјади души утре. И еден да му удри два три јаки шамари. Тоа не е кривично дело. Викни го Цуле и да маваме„ Ми иде токму такви инструкции да давам. И потоа да ме помилува Иванов.

Ѓорѓи Спасов – Фејсбук статус