DW: Одлуката на Иванов била детално договарана?

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Одлуката на шефот на државата била дел од цел „пакет“ мерки договорани во дискреција со најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат партиски извори за ДВ.

ивановв

Oдлуката со која претседателот Ѓорге Иванов овозможи „општ прекин на сите постапки меѓу политичарите и нивните соработници или поддржувачи, од спротивставените страни“, не е донесена како што тој изјави, без согласност или консултации со некого, туку била дел од цел „пакет“ мерки заткулисно договорани во дискреција со најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат за Дојче веле партиски извори кои инсистираат на анонимност.

Првата била Уставниот суд да ја врати надлежноста на претседателот за помилување, втората – Владата да ги поништи сите одлуки донесени од министрите на СДСМ, а ќе следеле уште неколку други. Според овие извори, одлуката на Иванов претходно била детално анализирана и договарана, а за нејзина „правна одбрана“ била користена истата аргументација со која професор од Правниот факултет му помагал на Уставниот суд да ја образложи одлуката за враќањето на претседателската надлежност за помилување. Тајмингот на нејзиното соопштување не бил случаен, туку внимателно и намерно избран – денот на посетата на претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ. Нивното присуство требало да биде искористено како заштитен тампон од првичните реакции и „удари“ од јавноста и опозицијата, односно да бидат (зло)употребени како „алиби“ на Иванов дека е зафатен со високите гости, за да избегне дополнителни објаснувања. Врз основа на искуството со „млакиот и краткотраен опозициски протест против одлуката на Уставниот суд“, во договарањето било проценето дека и ова „чудо ќе трае три дена“, а ако евентуално има подолготрајни реакции или протести, тие ќе биле пресечени со друга „јака тема“, која ќе го дефокусирала вниманието од потегот на претседателот.

Одлуката на Иванов требало да отвори пат на изборните листи на ВМРО-ДПМНЕ да се најдат и дел од лицата за кои СЈО води истрага, тврдат партиски извори за ДВ12988146_992837544135335_36572730_n

На избори морално чисти

Одлуката на Иванов требало да отвори пат на изборните листи на ВМРО-ДПМНЕ да се најдат и дел од лицата за кои СЈО води истрага, со цел партијата морално да се ребрендира и да се обнови внатрешната кохезија која била длабоко разнишана од „малтретирањето и бламирањето на нејзините партиски функционери по судовите“, но и стресовите што тоа им го предизвикувало, поради што „дел од нив станале нервозни, отсутни, разочарани, а во некои случаи и некооперативни“. Било договорено акцентот во изјавата на Иванов околу вината за политичката криза да се стави исклучиво на „туѓи цели и странски интереси“ за да се оправда намерата за аболиција, односно за внатрешно помирување. Иванов бил советуван и „суптилно“ да остави впечаток дека има сериозни докази за странска вмешаност во кризата, врз основа на информации од Агенцијата за разузнавање, а да избегнува одговори на конкретни прашања за тоа, со образложение дека „би било недипломатски и неодговорно тоа јавно да се соопштува.“ Притоа било договорено дека ВМРО-ДПМНЕ ќе глуми изненаденост и несогласување со одлуката на Иванов, исто како и во случајот со Уставниот суд, но дека нејзините експерти и аналитичари таа одлука правно ќе ја бранат максимално.

Исто така, наводно бил договорен и почеток на остар гард кон ставовите од претставниците на меѓународната заедница, прво од страна на Иванов во одбраната на неговата одлука (на идентичен начин како што тоа го сторил во интервјуто за германски „Билд“), а понатаму „по барање на народот“ ќе имало и други форми на реакции „против мешањето на странците во внатрешните работи на земјата“. Една од мерките, која наводно се договарала, било и целосно расчистување со сите „платеници, предавници и соросоиди“ кои ја критикувале власта во изминатиот период, но по завршувањето на изборите на кои власта смета дека ќе обезбеди победа. Дотогаш требало да се форсираат исклучиво изјави за помирување и престанок на поделбите.

целиот текст тука