(ГАЛЕРИЈА) Рајот за журки: Дворецот на Дрејк

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Дрејк живее во уникатен дом во населбата “Хиден Хилс” во Лос Анџелес. Раперот го купи имотот што го носи името “YOLO Estate”, во 2012-та за сума од 7,7 милиони долари.865b4be9897f10df74bcd930c6df97ac

Претходно куќата била сопственост на богат претприемач – сопственик на синџир за брза храна.

Според изворите тоа е еден од ѕвездените имоти во Ел Еј, каде што се случуваат најлудите  и  диви забави со години, како журката се врти најмногу околу базенот.

Дрејк сподели во неодамнешно интервју за магазинот Rolling Stone, дека е “опседнат” од големи базени и дури во родниот град Торонто неговата куќа има базен со олимписки димензии.

Така изгледаат забавите во домот на Дрејк.

Откако го купува дворецот, пејачот прави некои подобрувања во ентериерот, но речиси не ја допира импресивната надворешност, каде се базените со пештера, тенис, одбојкаркско и кошаркарско игралиште, штала.

Покрај тоа имотот располага со библиотека, визба, сала со фудбал и билијард, домашно кино, фитнес и студио, каде Дрејк ја врши работата на својот најнов албум.

Видете ја куќата на пејачот во галеријата.