Јакната што херојот на Харисон Форд ја носеше во последната серија на “Војна на ѕвездите”, беше продадена на онлајн аукција за над 190 000 илјади американски долари.
Харисон Форд одлучи да им помогне на две добротворни организации блиски до неговото срце без дури да се очекува дека јакната може да чини толку многу во почетокот на аукцијата. Сумата ќе биде дистрибуирана меѓу њујоршкиот медицински центар и фондацијата, која ги финансира студиите за третман на епилепсија.
25-годишната ќерка на актерот Џорџија исто така страда од епилепсија и се лекува во болница во Њујорк.