(ВИДЕО) Готово е – ечи пред Собрание

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Илјадници граѓани се собрани вечерва пред Собранието, носат транспаренти на кои пишува: „Сакаме слободни избори“, „Слобода за медиумите“, „Никогаш повеќе ваква власт“, информира а1он

Screenshot_93-656x320

Има и такви кои носат саксија на која пишува Хорхе, со мал фикус што го претставува Ѓорге Иванов.

– Бараме повторно свикување на Собранието, одлагање на изборите и оставка на Иванов. Динамиката со која се спроведуваат реформите не овозможува враќање на демократијата. Македонија ризикува да влезе во подлабока антидемократија. Собранието треба итно да се состане, во спротивно останува само активно да ги бојкотираме однапред наместените криминални избори, беше речено на протестот кој се одржува под мотото „Одложете ги изборите – во спротивно бојкот“

Протестот засега се одвива мирно, се скандира „Готово е Никола!”, “Оставка!”, „Оди си!“.

Собранието е опкружено со силно полициско обезбедување./извор и видео а1он