Десетици згради се урнати по двата потреса со јачина од 6,5 и 6,4 степени по Рихтер.
Силен земјотрес со интензитет од 6,4 ја потресе југозападна Јапонија, каде што веќе е ноќ, пренесоа светските агенции. Земјотресот ја погоди земјата неколку часа откако силен земјотрес, оценнет според различни геофизички институти со интензитет меѓу 6 и 6,5, го потресе овој дел на земјата.

Новиот потрес го лулееше југозападниот дел на Јапонија малку по полноќ по локално време (или 15 часот по Гринич денеска). Епицентарот на новиот потрес е во префектурата Кумамото, како што беше и епицентарот на претходниот силен земјотрес. Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека постои ризик од уште силни потреси.
Првиот силен земјотрес нанесе најголеми штети во градот Машики. Според информациите таму се урнале над 20 згради. На места избувнале пожари.
Најмалку три жртви на силните земјотреси во југозападна Јапонија, соопштува ТАСС. Најмалку 200 лица се примени во болници, дополнуваат агенцијата повикувајќи се на локалните медиуми.

