Регионални експерти: Кризата во Македонија е внатрешна и наследна

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Според бугарскиот доц. Д-р Наум Кајчев силното  југословенско наследство исто така, влијае врз ситуацијата

“Има подлабоки причини за кризата во Македонија. Една од нив е југословенското наследство, што е многу силно како менталност. И дури овој член од законот, на кој се повикува Ѓорге Иванов е југословенски. Препис од закон од 1977 година “. Ова го изјави во етерот на БНТ историчарот доц. Д-р Наум Кајчев.

Тој ги коментира масовните протести во Скопје против претседателот Ѓорге Иванов поради амнестијата за 56 корумпирани политичари.

“Ако има посебен сценарио за Македонија, тој е одговорност на целата  политичка елита во Скопје. Земјата се наоѓа во специфична ситуација, но тоа не е од месец-два или година. Оваа криза избувна уште во јануари минатата година “, додава експертот. Според аналитичарот, причините за кризата се внатрешни, иако и надворешни сили имаат интерес од немирите во соседски страна.12980651_10154073489354804_613131792_n

“Причината за кризата во Скопје е акумулација на многу негативи во страшно несоодветна атмосфера. Меѓу овие негативи се ситуацијата на границата со Грција и протокот на мигранти. Станува збор за многу сериозна институционална криза “, објасни балканисот  и поранешен амбасадор во Албанија и Косово проф. Боби Бобев.

Според него акумулираната негативна енергија доведе до недостаток на каква било доверба. Сега главното прашање, кој стои пред институциите, е дали ќе можат да ги оддржат изборите, кои требаше да бидат прво на 24 април, а сега се планирани за 5 јуни.

“Тензиите е Македонија се затегнати. Тоа е земја во регионот која најлесно може да се дестабилизира. Најдоброто што може да се случи во моментот е да се одржат изборите во нормален ред и да има ново стабилно мнозинство “, коментира Бобев.