Михајловски: само на демократски начин може да се дојде на власт, избран од браќата
— META.mk (@meta_agency) April 15, 2016
Активисти на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) вечерва одржуваат народен собир во Скопје со цел, како што велат, поддршка на институциите и на денешното распишување на предвремените парламентарни избори на 5 јуни.
Одржување на избори, според ГДОМ, ќе биде излез од политичката криза.
Приврзаниците на ГДОМ се собраа околу 18 часот и 30 минути зад ТЦ „Рамстор“ по што се упатија кон седиштето на опозициската СДСМ, каде протестираа и во изминатите три дена.
Од ГДОМ се против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за оболиција на претседателот на СДСМ Зоран Заев и на Зоран Верушевски, првобвинет во случајот „Пуч“.
Зурли и тапани на почетокот на маршот на приврзаниците на #ГДОМ pic.twitter.com/ghTUV58t0z
— META.mk (@meta_agency) April 15, 2016
Тие го започнаа нивниот марш со зурли и тапани .
Колоната од неколку илјади граѓани, приврзаници на ГДОМ по бул. Јужен се движат кон СДСМ pic.twitter.com/Z7Uyn0Mf9l
— META.mk (@meta_agency) April 15, 2016
Се чека стартот на маршот кон штабот на СДСМ каде #ГДОМ и приврзаниците ќе протестираат pic.twitter.com/MQoqxVp6xz
— META.mk (@meta_agency) April 15, 2016