(ВИДЕО/ФОТО) Демонстрантите сопрени кај Камени мост, спречени да се приближат до Владата

од desk3
149 прегледи

По половина час поддршка за Специјалното јавно обвинителство, стотиците граѓани тргнаа накај Собранието. Но, демонстрантите не можат да стигнат до таму, бидејќи приодот е блокиран со голем полициски кордон. Тоа предизвика огромна нервоза и негодување кај луѓето што протестираат.

12990957_10154151250189726_7787779847943155631_n

Оттаму, демонстрантите се упатија кон Владата преку Камени мост, но пред новиот објект на Македонски народен театар се спречени од кордон полиција.

Граѓаните на протестот, организирани од невладините граѓански здруженија, извикуваа пароли „Нема правда нема мир“, „Оставка, оставка“.

CgGdokGWwAASmfB

Тие велат дека ќе протестираат се додека претседателот на државата Ѓорге Иванов не ја промени одлуката за помилување на политичарите против кои има покренато предистражни или истражни постапки.

12998711_10154151250339726_1475858054356185499_n

Од друга страна пак, граѓаните организирани од граѓанското здружение ГДОМ со зурли и тапани пристигнуваат на Јужен булевар од каде што ќе се упатат кон седиштето на СДСМ. Овие граѓани протестираат против аболицијата на Зоран Заев и на Зоран Верушевски.

На нив им се придружуваат луѓе кои со автобуси од внатрешноста на Македонија пристигнуваат на улицата „Јордан Мијалков“.

Засега не е забележливо поголемо присуство на полиција на овој протест.

 

МЕТА