19 лица загинаа по вториот и помоќен потрес на јапонскиот остров Кјушу, кој беше со јачина 7 степени по Рихтер. Така вкупниот број на жртвите од двата земјотреси – во четвртокот и петокот, достигна 28 лица, соопштува Би-Би Си.Продолжуват спасувачките работи за вадење на затрупани луѓе под урнати згради . Стотици луѓе се повредени, а непознат број се заробени под урнатините на зградите.

Патиштата на островот се оштетени. Постојат податоци и за многу свлечишта. Околу 200 000 домаќинства се без струја.
Воени единици се испратени на островот да помагаат на полицијата и противпожарната служба во спасувачките активности. “Вложуваме максимални напори да одговориме на сите сигнали”, изјави претставник на власта.
Вториот земјотрес од синоќа, кој бил на длабочина од 10 километри, во близина на Кумамот, бил многу помоќен и зафати многу поголема територија од првиот во четвртокот, кој беше почувствуван во градот Кумамото. Илјадници луѓе ја минаа ноќта на улиците и парковите, уплашени, со ќебиња за да не замрзнат.
Постојано пристигнуваат информации за заглавени луѓе во урнати згради. Според една од нив, над 60 лица се заробени во пропадната старечки дом.
Цело село е евакуиран по уривањето на брана на езеро.
Властите соопштија дека нема опасност за нуклеарната централа “Сенди”.
По земјотресот еруптирал вулканот Асо. Научниците ја одредуваат ерупцијата како блага.

