Моќно торнадо го зафати малиот град Долорес во Уругвај. Најмалку четири лица загинаа, соопштува Си Ен Ен.Жителите на Долорес, во кој живеат околу 20 000 лица, закачија на социјалните мрежи спектакуларни кадри од стихијата.
Претставник на претседателот Табаре Васкез изјави дека во градот е прогласена вонредна состојба. Според него значителен дел од жителите ги загубија своите домови и најмалку две деца се повредени тешко и се транспортираат до болници во главниот град.
https://youtu.be/pNMRlppdLzw
Портпаролот на противпожарната служба соопшти дека две од жртвите се убиени од летечки автомобили кои настрадале од ветрот. Брзината на налетите била до 240 километри на час, објаснија синоптичарите.
Според локалните медиуми, некои жители го користтеле хаосот за да разграбаат продавници. Во градот ќе биде зајакнато полициското и воено присуство.