Најмалку 1.500 деца-мигранти, кои во Грција пристигнале без придружба на свои роднини или блиски, немаат безбедни места за сместување и многумина од нив спијат под отворено небо, соопшти денеска хуманитарната органзиаиција „Спасете ги децата“.

Огранизацијата апелира до ЕУ да и помогне на Грција за отворање на центри за сместување на овие деца.
– Децата спијат на опасни и небезбедни места, а некои се затворени во центрите за бегалци, изјави претставничката на „Спасете ги децата“ во Грција, Ејми Фрост.
Таа нагласи дека во вакви услови овие деца, од кои некои имаат помалку и од 10 години, се изложени на опасност од насилство, злоупотреби, малтретирања и експлоатација.
Според неа, меѓу овие деца има бегалци од Сирија, Авганистан и Пакистан. – Тие бегаат од војни или друг вид на насилство. Некои патувале сами до Европа, а некои биле разделени од нивните семејства, истакна Фрост.