Вулкан еруптира, брана се распадна, а илјадници луѓе ноќеваа на улица во паника од нови земјотреси во Јапонија.
19 лица загинаа по вториот и помоќен земјотрес на јапонскиот остров Кјушу, кој беше со јачина 7 степени по Рихтер. Така вкупниот број на жртвите од двата земјотреси – во четвртокот и петокот, достигна до 28 лица, соопшти BBC.
Продолжуваат спасувачките работи за вадење на затрупани под урнати згради луѓе. Стотици луѓе се повредени, а непознат број се заробени под урнатините на зградите.
Патиштата на островот се оштетени. Постојат податоци и за многу свлечишта. Околу 200 000 домаќинства се без струја.
Војници се испратени на островот да помагаат на полицијата и противпожарната служба во спасувачките активности.
“Вложуваме максимални напори да одговориме на сите сигнали”, изјави претставник на власта.
Вториот земјотрес од синоќа, кој бил на длабочина од 10 километри, во близина на Кумамот, бил многу помоќен и опфати многу поголема територија од првиот во четвртокот, кој беше почувствуван во градот Кумамото. Илјадници луѓе ја минаа ноќта на улиците и парковите, уплашени, и покриени со ќебиња, за да не се замрзнат.
Постојано пристигнуваат информации за заробрени луѓе во урнатите згради. Според една од нив, над 60 лица се заробени во пропаднатиот старечки дом.
Цело село е евакуирано по уривањето на браната од близкото езеро.
Властите соопштија дека нема опасност за нуклеарната централа “Сенди”.
По земјотресот е еруптирал вулканот Асо. Научниците ја одредуваат ерупцијата како блага.
“Површината на земјата најверојатно го поместила регионот за 4-5 метри. Значи зборуваме за многу сериозни потреси на прилично голема површина. Поради тоа најверојатно ќе ги видиме големи последиците од вториот земјотрес “, објасни американски геолог.



