Продажбата на грамофонски плочи го достигна највисокото ниво во последните 20 години и се на пат да стигнат до врвот од 1980 година, пренесува “Ројтерс”, цитирајќи претставници на британската музичка индустрија.
Статистиката е по повод вчерашниот World Record Store Day (Денот на музичките продавници), во кој стотици мали продавници ќе предложат нови винил-плочо од над 250 издавачки куќи. Мадона, “Металика” и Дејвид Боуи – преку наследниците се некои од уметниците кои пуштаат плочи специјално за случајот.
Добрите познавачи на винил сметаат дека тој нуди побогат звук од дигиталните записи, поради пукањето или прашина по површината.
“Винилот веќе не е само за бејбибумерите кој израснале со овој формат. Тој се повеќе им се допаѓа на помладата генерација и луѓе родени по новиот милениум”, вели Џеф Тејлор, директор на организацијата BPI (British Phonographic Industry), која ги претставува британските издавачки куќи.
Според податоците на организацијата продажбата на винилните записи се зголемила за речиси 60 проценти меѓу јануари и март, споредено со истиот период минатата година.
Барањето на такви записи не застанало да расте во последните 8 години, а во моментов нивото на продажбата е највисоко од 1995 г ..
“Додека дигиталните платформи нудат на навивачите моментален и неограничен пристап до бесконечниот простор на музиката, тие не можат целосно да се споредат со уникатното чувство, кое го дава винилот”, дополнува Тејлор.
